Осум дена до стартот на ЕП 2024: Ракометарите во „турбо“ ритам (ФОТО)

383

По два дена пауза македонската ракометна репрезентација продолжи со подготовките за Европското првенство 2024 година. Кирил Лазаров и неговите момци имаат уште осум дена до првиот дуел против Франција во Дизелдорф.

Последниот тест ќе биде против Грција на 4. и 5. јануари, а потоа ќе имаат уште неколку дена да ги комплетираат подготовките.

Македонија е во тешка група, покрај Франција, ќе игра уште со Германија и Швајцарија, овие два меча се во Берлин.

ПретходноХасан Салихамиџиќ: “На 15 години имав калашњиков под кревет!“
СледноМагична ноќ на Звезда во Истанбул – успеа да го совлада Фенербахче!