Официјално: Платон е новиот предводник на ЖРК Вардар!

236

И официјално, од денеска ЖРК Вардар има нов шеф на стручниот штаб, а тоа е Анжела Платон. Некогашна ракометарка, репрезентативка на Македонија и член на златната генерација на Кометал Ѓорче Петров во 2002 година стана европски првак.

Долги години е дел од Вардар, каде работеше со младинските екипи на клубот во создавање на млади талентирани ракометарки. На почетокот на новата сезона беше вклучена во стручниот штаб на првиот тим, како помошник тренер на Александар Царчев, а од пролетниот дел Платон ќе биде прв тренер, а ќе остане и како предводник на младинската екипа.

Александар Царчев ќе продолжи да работи во Вардар, како тренер на голманите, во сите четири категории: пионерска, кадетска, младинска и сениорска конкуренција.

ПретходноРадивојевиќ со интересна изјава: Е. Пелистер нема квалитет за во ЛШ, но има да освои титула во Македонија!
СледноДоаѓа ли Мбапе во Реал? “Нема да одговорам на тоа прашање“!