Легендарниот Вејн Руни на клупата на Бирмингем успеа да се задржи само три месеци. Имено денеска раководството на клубот му врачи отказ, ова беше официјализирано и на клупскиот сајт.
Да потсетиме дека Руни го водеше тимот од Чемпионпшип на 15 средби а на 13 од нив не успеа да победи.
“За жал, додека Руни беше во нашиот клуб на Бирмингем не му одеше според планираното, токму затоа одлучивме да се разделиме и да тргнеме по друг пат“ објавија луѓето од клубот.