Перез има план со кој во јуни ќе го “запали“ фудбалскиот свет!

2799

Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадридм, на најглемиот клуб во светот, има план за во јуни, план со кој се очекува да го “потресе“ или “запали“ фудбалскиот свет.

И ова не е во врска со Суперлигата, која останува како проект за во иднина на Дн Флорентино, туку станува збор за летниот преоден рок.

Имено познато е дека во моментов се водат преговори со Килијан Мбапе за негово доаѓање во јуни на “Сантијаго Бернабеу“. Но не е само Мбапе. Имено медиумите во Шпанија истакнуваат дека Перез во јуни има намера да го доведе и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Со тоа тој сака од Реал да направи тим кој би бил еден од најдобрите во историјата, вистинска победничка “машина“.

Јасно е дека со Мбапе, Халанд, Белингем и останатите мега – ѕвезди, Реал Мадрид би бил просто непобедлив и би се прошетал кон титулите во Ла Лига и ЛШ, или Суперлигата ако би стартувала, во следната деценија.

ПретходноЈунајтед ќе го засилува нападот, на списокот се четири имиња од Бундеслигата!
СледноТака прават големите шампиони: Новак со порака го поздрави враќањето на Надал! (ФОТО)