Богдан Радивојевиќ, ракометарот на Пелистер и репрезентативец на Србија, во пресрет на ЕУРО 2024 даде големо интервју за српски “Моцарстпорт“.
Секако дека во преден план беше настапот и шансите на неговата селекција за ЕП, но имаше свој коментар и за неговиот клуб, Е. Пелистер.
“Е. Пелистер е клуб со традиција, со жестоки навивачи. За жал во ЛШ не успеавме да освоиме ниту еден бод, но тоа ќе биде искуство за сите во клубот. Нема квалитет за нешто повеќе во ЛШ, но затоа имаме да да ја освоиме титулата во Македонија“рече покрај другото Србинот во дресот на Е. Пелистер.