Росе: Елиф е технички надарен и сестран играч, Лајпциг доби супер засилување

3008

Експедицијата на РБ Лајпциг отпатува во Ла Манга, Шпанија каде ќе ги одработи зимските подготовки. На летот се најде и Елиф Елмас, новиот играч на „биковите“ за пролетниот дел од сезоната. Тој ќе работи индивидуално во теретана поради мала повреда на ногата, а потоа ќе се приклучи на соиграчите.
Тренерот Марко Росе за клупскиот сајт зборуваше за вториот дел од сезоната, за новините во неговиот тим и за новото засилување Елмас кој дојде да ја пополни дупката по заминувањето на Форсберг и Карваљо.
Знаевме дека Емил Форсперг ќе ги оди во зимскиот преоден рок (во Њујорк), освен тоа му дозволивме на Фабио Карваљо да се врати порано во Ливерпул. Тој сакаше да смени и ние го прифативме тоа.
Елиф е нашата опција за оваа позиција по нивните заминувања. Нашиот ростер не е широк, но е многу квалитетен. Елиф е сестран играч. Тој може да игра како главен играч од средниот ред, потоа како офанзивен играч за врска па дури и по крилните позиции. Тој е технички надарен, но исто така напорно работи. Лапциг доби големо засилување“, изјави Марко Росе.

ПретходноСтоле и Рајo победнички на првиот меч во новата година
Следно“Мегваер е пример кој останатите фудбалери би требало да го следат“!