Сосиедад се спаси од пораз со гол во 96 минута

90

За малку изненадување во Сан Себастијан. Екипата на Алавес ги имаше трите бода во џеб во дуелот со Сосиедад но на крајот мораше да се задоволи со реми.
Во 36 минута Сосиедад остана со играч помалку откако голманот Ремиро играше со рака надвор од својот шеснаесетник. Микел Мерино во 76 минута прави груб прекршок во казнениот простор и судијата свирна пенал за Алавес кој Луис Риоха го претвори во гол.
Во 88 минута судијата покажа пенал за Сосиедад, но потоа отиде да се консултира со помошникот и со ВАР собата. Потоа ја смени одлуката и нареди играта да продолжи.
Сепак, Алавес не го издржа силниот налет на домашниот тим. Во шестата минута од судиското продолжение на мечот Зубименти изедначи. Во следната акција Сосиедад можеше да направи комплетен пресврт меѓутоа Мерино шутираше покрај голот.

Сосиедад е на шестото место на табелата со 32 бода, а Алавес е 15-ти со 17 бода.

ПретходноВан Бронхорст ќе биде новиот тренер на Бешикташ
СледноНаполи си купи бек од Салернитана