Екипата на Рајо Ваљекано ја отвори новата 2024 година со победа од 2:0 на „Метрополитано“ против локалниот Хетафе. Освен два гола мечот го одбележаа два црвени картони кај домашните.
Во 40 минута исклучен беше Латаса поради втор жолт картон, а пет минути подоцна Камељо го отвори резултатот. На почетокот на второто полувреме Камељо повторно ја затресе мрежата на домашната екипа.
Во наредниот напад Мејсон Гринвуд „поцрвене“ поради неспортско однесување. Хетафе немаше сила за да се извлече од петтиот пораз.
Столе Димитриевски беше на голот на Рајо на овој меч и немаше претешка задача.