По повод доделувањето на финансиски средства од Градот Скопје на неколку спортски клубови од нашиот главен град, своја реакција имаше денеска и раководството на Шкупи. Истата ви ја пренесуваме во целост:
„Ја добивме веста дека Градот Скопје нуди финансиска помош за фудбалските клубови во Скопје и оваа вест ја примивме со големо задоволство и го цениме фактот што Град Скопје ги помага и поддржува клубовите кои го претставуваат градот, придонесувајќи за културниот развој.
Но, она што не загрижи и не ни е јасно е фактот дека FC Shkupi е тимот кој во последните пет години најдобро го претставува градот во европските натпреварувања. И покрај тоа што сме клуб кој ја претставува државата, а не само градот, изненадени сме зошто Градот Скопје не виде соодветно да одвои финансиски средства за нашиот клуб. Прашуваме дали тие што ја донеле оваа одлука не го гледаат FC Shkupi како дел од градот Скопје или како фудбалски клуб на Северна Македонија?
Ваквиот однос на Град Скопје кон граѓаните на Чаир и воопшто кон нашиот клуб го сметаме за доста дискриминаторски.
Можеби FC Shkupi нема политичка поддршка, но сите треба да знаат дека FC Shkupi никогаш не се откажува од своите цели и е клуб кој може да опстане сам. Сепак, сакаме да им порачаме на оние кои ја донеле оваа одлука дека треба што поскоро да ги поправат своите грешки. Оваа дискриминација носи само штета за сите и нема корист. Сите кои се вклучени во оваа одлука се одговорни за оваа дискриминација.
Со почит
FC Shkupi