Јунајтед ќе го засилува нападот, на списокот се четири имиња од Бундеслигата!

2040

Манчестер Јунајтед по секоја цена сака во овој зимски преоден рок да го засили својот напад и тоа со играчи од Бундеслигата. Сер Џим Ретклиф му ветил на менаџерот Ерик Тен Хаг дека ќе донесе на „Олд Трафорд“ најмалку едно име, а на списокот се четири.

Станува збор за Тимо Вернер од Лајпциг, потоа Ерик Чупо – Мотинг од Баерн Минхен, се споменува дури и Томас Милер исто од редовите на “баварците“ како и Гирасу од Штутгарт.

На ова фановите на Јунајтед и не се воодушевени, сметаат дека овие имиња и нема да му помогнат на тимот како што се очекува.

ПретходноДоаѓа ли Мбапе во Реал? “Нема да одговорам на тоа прашање“!
СледноПерез има план со кој во јуни ќе го “запали“ фудбалскиот свет!