Бонучи: Сити за мене нудеше 100 милиони фунти, но јас го следев срцето

664

Италијанскиот стопер Леонардо Бонучи е на залезот на кариерата. Сега игра во Унион Берлин после долги години во Јувентус. Во интервју за „Сан“ откри дека во 2016 година Јувентус одбил понуда од Манчестер Сити од 100 милиони фунти, а денес вели дека не се кае поради тоа.
Во 2016 година Сити се интересираше за мене. На Јувентус му понудија 100 милиони фунти, но јас заедно со клубот одлучивме да продолжиме. Имаше разговори и во 2017 година кога Јувентус ме стави на продажба, но тогаш ништо не се случи. Ќе беше супер да работам со Гвардиола затоа што ќе ме унапредеше, но не можам да жалам затоа што освоив многу трофеи, поединечни награди и заработив пари. Секогаш му дозволував на срцето да диктира, затоа останав во Јувентус“, изјави Бонучи.
Откако не успеаја да го ангажираат Бонучи „граѓаните“ го купиле Џон Стонс од Евертон.

ПретходноНаполи си купи бек од Салернитана
СледноВест Хем седми пат по ред не успеа да го победи Брајтон на домашен терен