Брера спогодбено го раскина договорот со Сисе

584

21 годишниот напаѓач Папа Оумар Сисе од Сенегал кој во редовите на Брера Струмица дојде летово, нема да настапува во продолжението на првенството. Управата на клубот и Сисе се договорија и одлучија спогодбено да го раскинат договорот за неговиот ангажман.

„Сисе во нашиот клуб дојде во јули, месец дена пред стартот на првенството од италијанскиот клуб Авецано. Во есенскиот дел од првенството за нашиот сениорски состав имаше 14 настапи  при што беше асистент на гол во дуелот со Струга ТЉ“, се вели во известувањето на струмичкиот тим. 

Исто така ја потврдија веста за Христијан Малески кој беше на позајмица во клубот. Тој се враќа повторно во Струга Трим Љум.

ПретходноЛазаревски: Иако на хартија сме аутсајдери, никој не смее да се сомнева во нашата желба!
СледноВардар доби список за нови играчи од новиот шеф