Од преголема радост по победата на неговиот тим од 4:2 против Њукасл, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се најде во проблеми. Имено тој ја загуби бурмата или венчалниот прстен на теренот на “Енфилд“ и веднаш почна да ја бара. На некого тоа му изгледаше смешно, но не и на Германецот.
За негова среќа со помош на снимателот сепак ја најде.
“Беше тоа шок за мене, за среќа сепак ја пронајдов. Досега само еднаш сум ја загубил и тоа во море, па мораше нуркач да ја бара и ја најде. Сега беше полесно“ истакна Клоп.
Klopp losing his wedding ring whilst celebrating 😭 pic.twitter.com/X6eSRQiVEA
— DB (@Kloppholic) January 1, 2024