Лазаревски: Иако на хартија сме аутсајдери, никој не смее да се сомнева во нашата желба!

533

Македонската ракометна репрезентација продолжува со подготовките за Европското првенство кое за „црвено-жолтите“ стартува на 10 јануари. На првиот меч на континенталното натпреварување, нашите ракометари играат против Франција и ќе бидат дел од историјата во Дизелдорф. Домаќинот Германија одлучи да го урне рекордот по гледаност, па дуелите од првото коло ќе се играат на стадион пред повеќе од 50.000 гледачи.

Македонија веќе втора година е во променет состав, со млади ракометари и само неколку поискусни имиња, кои допрва треба да созреат преку вакви и мечеви, а потоа да го прикажат она што нивните претходници го даваа во минатото.

„За мене ова е второ големо натпреварување, се надевам дека ќе имам поголема улога од претходното, со нетрпение го очекуваме првенството.

Иако на хартија сме најнеискусни во групата, во никој случај не смее да се постави прашањето дали оваа оваа репрезентација е кадарна. Има играчи кои располагаат со квалитет, имаме голема желба да играме во националниот дрес, па нашето неискуство ќе биде анулирано на овој начин.

Не сум љубутел на прогнози, ова е колективен спорт, неблагодарно е да дадам прогнози. На крајот на денот одиме да видиме до каде сме и тоа против кремот во Европа, против репрезентации кои се најдобрите во целиот свет, предизвикот е добедојден кај сите“, изјави Милан Лазаревски во денешното гостување во МРТ.

Тој се осврна и на рабоатата на Кирил Лазаров. Лидерот низ годините на големите натпреварувања, сега ја има најтешката задача, да создаде национален тим кој ќе ја радува Македонија и во иднина.

„Лазаров ги има достигнато најголемите височини, има победнички менталитет кој постојано се обидува да пренесе за време на тренинзите. Слободно можам да кажам целата екипа стои позади него и веруваме во тоа што го работи во одреден момент ќе се покаже како позитивно“.

Македонија на четврти јануари ќе одигра пријателски меч против Грција, отворен за јавноста, додека следниот ден дуелот ќе биде од затворен карактер.

ПретходноЛиверпул ја најде замената за Салах
СледноБрера спогодбено го раскина договорот со Сисе