Екипата на Партизан без проблеми славеше победа над последнопласираниот Асвел со 90-77 во меч од 18 коло на Евролигата. Во „Штарк арена“ Партизан беше надмоќен имаше огромна предност, а на крајот гостите намалија и го направија поразот попристоен.
Кај Партизан Кевин Пантер за 18 минути игра постигна 22 поени и е најефикасен во редовите на „црно-белите“. Андјушиќ постигна 15.
Кај Асвел, Мајк Скот постигна 24 поени од кои 18 во последната четвртина.
А Жалгирис ја прекина серијата од шест порази со триумф над Алба со 77:71. Тоа е прва победа со новиот тренер Андреа Тринкиери кој седна на клупата да го поправи катастрофалниот ефект на „зелените“ во Евролигата.
На другите мечеви Црвена Звезда славеше на гости кај Фенербахче со 85-76, потоа Макаби Тел Авив го совлада Монако со 93-83, а Олимпијакос беше подобар од Милано со 79-74.
Standings provided by Sofascore