Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадридм, на најглемиот клуб во светот, има план за во јуни, план со кој се очекува да го “потресе“ или “запали“ фудбалскиот свет.
И ова не е во врска со Суперлигата, која останува како проект за во иднина на Дн Флорентино, туку станува збор за летниот преоден рок.
Имено познато е дека во моментов се водат преговори со Килијан Мбапе за негово доаѓање во јуни на “Сантијаго Бернабеу“. Но не е само Мбапе. Имено медиумите во Шпанија истакнуваат дека Перез во јуни има намера да го доведе и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити. Со тоа тој сака од Реал да направи тим кој би бил еден од најдобрите во историјата, вистинска победничка “машина“.
Јасно е дека со Мбапе, Халанд, Белингем и останатите мега – ѕвезди, Реал Мадрид би бил просто непобедлив и би се прошетал кон титулите во Ла Лига и ЛШ, или Суперлигата ако би стартувала, во следната деценија.