Евертон остана без 10 бодови поради прекршување на правилата за Финансискиот фер-плеј, а сега на удар се најде и Нотингем Форест, пишуваат англиските медиуми.
Клубот од Премиер лигата до крајот на месецот, откако ќе се прочешлаат документите, ќе дознае дали ќе биде покренато обвинение против нив и дали ќе добијат казна со одземање на бодови.
Од клубот веруваат дека работеле според правилата и ќе се спремат за одбрана на суд во случај да бидат обвинети.
Форест ангажираше 42 фудбалери по враќањето во Премиер лигата во 2022 година.
Правилата на Премиер лигата се загубите на клубовите да се максимум 105 милиони фунти во период од три години. Форест објави годишна загуба од 45,6 милиони фунти во нивните најнови бројки.
Меѓутоа, бидејќи клубот во еден дел од тригодишниот период беше во Чемпионшип лига, износот на дозволените загуби е помал.
Загубите на Форест ќе бидат ограничени на 61 милиони фунти, што во „превод“ е по 13 милиони фунти за сезоните 2020-21 и 2021-22 година кога беа во Чемпионшип, плус 35 милиони фунти за минатата сезона, нивно прво враќање во Премиер лигата.
Од друга страна Манчестер Сити е обвинет за 100 прекршувања на правилата, а се уште нема разврска на случајот.
Nottingham Forest could face a points deduction if it is deemed the club have breached the Premier League’s financial fair play (FFP) rules.
More from @benburrows_ & @nottmtails ⬇️https://t.co/TiIQG0udzy
— The Athletic | Football (@TheAthleticFC) January 2, 2024
💰 Any team that is found guilty of an FFP charge would face a points deduction before the end of the season, after the Premier League’s new procedure changes.
🌳 Reports suggest that Nottingham Forest are the most at risk…#NFFC | @nottm_forest pic.twitter.com/njlIkt2iXJ
— The Sportsman (@TheSportsman) January 2, 2024