После 349 дена, триумфален кам-бек на Рафаел Надал

209

По речиси една година без професионален тенис (349 дена), Рафаел Надал денеска се врати на турнирот во Бризбејн и тоа со победа. Шпанскиот тенисер го совлада Доминик Тием со 2:0, по сетови 7:5, 6:1.

Во првиот сет беше прилично изедначено, играчите релативно лесно ги добија гемовите во кои сервираа, но брејкот дојде кога беше најпотребно. Во 12. геjм Надал ја искористи третата сет-поинт и поведе со 1:0.

Во следниот покажа зошто е еден од најдобрите во светот. Рафа направи брејк за 2:0, потоа поведе со 3:0, Тим намали на 3:1, а во шестиот геjм следуваше нов брејк за 5:1 и потврда на победата во следниот геjм за 6:1 и конечни 2:0.

Бризбејн опен се игра до 7 јануари и е последен тест пред Австралија опен. Наградниот фонд е 661 илјада долари.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА во 2023 донираше 49.278.000 денари
СледноОчекувано: Бирмингем му врачи отказ на Вејн Руни!