Фудбалерите на Реал Мадрид минимално со 1:0 ја совладаа Мајорка на својот „Сантијаго Бернабеу“ во еден од вечерашните дуели од 19. коло во Ла Лига. Момент на одлука беше 78. минута, кога по одличното уфрлување од корнер на Лука Модриќ, Антонио Ридигер со глава ја испрати топката во мрежата на гостите.
Мајорка одигра одличен меч, а на голот го имаше одличниот Предраг Рајковиќ кој имаше неколку одлични интервенции. Карло Анчелоти вечерва по пауза од неколку недели конечно можеше да смета на повратникот Винисиус Јуниор.
Во вториот вечерашен натпревар Селта со гол во 96. минута славеше против Бетис со 2:1.