Попладнево Даниел Аврамовски и официјално е претставен како ново засилување за турскиот второлигаш Болуспор.
Нашиот интернационалец по заминувањето од екипата на Сараево се реши да се врати во Турција, каде претходно настапуваше за екипата на Кајзериспор.
Аврамовски потпиша договор на 1,5 година со Болуспор, кој оваа пролет ќе се бори за влез меѓу седумте најдобри на табелата кои низ плеј-оф ќе се борат за влез во турската Суперлига.