Борусија сака да ја врати отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

128

Британски BBC пишува дека раководството на Борусија Дортмунд  сака да го врати во своите редови играчот на Манчестер Јунајтед и повремен англиски репрезентативец Џејдон Санчо (23). Левото крило, кој одби да му се извини на тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хег поради објавите на социјалните мрежи беше исфрлен од првиот тим и нема играно од август.

Да потсетиме, Тен Хаг по поразот од Арсенал изјави дека Санчо е изоставен бидејќи не тренирал добро минатата недела. Англичанецот беше очигледно погоден од ова и реши јавно да го повика холандскиот тренер: „Ве молам, не верувајте во се што ќе прочитате. Нема да дозволам луѓето да кажуваат работи што се целосно невистинити. Работев многу добро на тренинзите оваа недела , а верувам дека има и други причини за ваквата одлука на тренерот, во кои не сакам да навлегувам. Бев жртвено јагне долго време, што не е фер!“

Санчо во Манчестер Јунајтед пристигна во 2021 година од Борусија за 85 милиони евра, а за клубот од „Олд Трафорд“ одигра 82 натпревари и постигна 12 гола. Тој се појави на три натпревари оваа сезона. Неговиот договор е до јуни 2026 година. Борусија би го вратила на позајмица, останува само клубовите да се договорат за поделба на неговата плата.

Санчо пристигна во Борусија Дортмунд од младинскиот систем на Манчестер Сити и помина четири години во клубот. Во летото 2018 година започна неговата експлозија, која ја полуде цела Европа. За Борусија одигра 157 натпревари, постигна 50 и намести 64 гола.

Претходно„Четири скокалници“: Херл победник во Инсбурк
СледноЛимани повеќе не е фудбалер на Шкендија