Кризата во Њукасл може да заврши со отказ за актуелниот менаџер на тимот Еди Хау. Според локални извори, Хау би можел да ја напушти клупата на „страчките“, а на негово место да дојде тренерот кој прави чуда во Ла Лига.
Станува збор за предводникот на хитот во Ла Лига оваа сезона екипата на Жирона, Мичел.
Жирона под водство на Мичел е на делба на првото место во Ла Лига и е огромно изненадување. Тренерот на Каталонците се уште не „лета во облаци“ и вели дека титулата е многу далечна.
„Титула? Да не се залажуваме, бидејќи за тоа ни требаат 90 бода, па се уште веруваме дека Барселона, Реал Мадрид и Атлетико се главни кандидати. Нашиот сон е реален, а се вика Лига на шампиони“, потенцира Мичел.
Во Њукасл сериозно ја следната неговата позиција и нема да биде чудно уште во овие први денови од новата 2024 година да воспостават контакт за евентуална соработка.