Репрезентативниот голман Дамјан Шишковски ја продолжува својата кариера во Ерменија. По 3,5 години во дресот на кипарска Докса, пред Нова година Шишковски си замина од кипарскиот состав и веќе се договори со ерменскиот тим за соработка во период од 1,5 година.
Арарат во првиот дел од сезоната во Ерменија е на третата позиција и до крајот на сезоната ќе биде во трка за освојување и на титулата, иако предноста на водечкиот Пјуник е 6 бода. Шишковски ќе застане на голот на Арарат во февруари при продолжението на првенството.