Ако Миовски си оди од Абердин – тоа ќе биде за рекордна сума!

3227

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски се најде во центарот на вниманието. Тој продолжува со своите добри партии во дресот на шкотскиот тим, па во првиот меч во 2024 година запиша асистенција и гол.

Добро е познато дека тој е на мета на неколку клубови, а раководството на Абердин е подготвено да преговара, но како што велат од клубот тоа ќе биде за рекордна сума, повеќе од пет милиони фунти. Оваа бројка Абердин ја доби за Калвин Рамзи, кој пред 18 месеци се пресели во Ливерпул.

Во трката за Миовски останаа Селтик и Саутемптон. „Сите знаеме каков квалитет поседува Бојан и сакаме да го задржиме. Не сме наивни да веруваме дека тој ќе остане кај нас до крајот на кариерата, но би сакале да потпишеме нов договор, со тоа да ја кренеме цената за преговорите кога тој ќе си замине. Нашиот став како клуб е јасен, тој има уште две и пол години од договорот и ако некој сака да го купи, тоа сигурно ќе биде за рекордна сума“, изјави извршниот директор на Абердин, Алан Буроус.

ПретходноЃоковиќ е голем: Повредата влијаеше на играта, но нема да му ги одземам заслугите на Минаур
СледноПоранешниот македонски селектор се врати во Татабања