Аталанта закажа куп-четвртфинале со Милан

134

Фудбалерите на Аталанта со убедлива победа од 3:1 над екипата на Сасуоло, вечерва на домашен терен обебзедија место во четвртфиналето на италијанскиот фудбалски куп. Предводени од одлично расположениот Де Кетеларе кој постигна два гола (24’, 63’), домашните успеаја прилично лесно да дојдат во отворена пат позиција кон осумте најдобри во ова натпреварување.

Погодокот на Миранчук во 71. минута само ја запечати судбината на гостите, кои дури во петтатат минута од продолжението со голот на Болока успеаја само да го ублажат високиот пораз.

Аталанта им се приклучи на Болоња, Фиорентина, Фросиноне, Лацио и Милан кој веќе обезбедија место во следната рунда. Аталанта токму во четвртфиналето за ривал ќе го има Милан.

ПретходноПо пет години Јахја заминува од Струга ТЛ
СледноНаумовски е ново име во составот на Пелистер