Аталанта ја засили одбраната со шведски репрезентативец

144

Италијанската Аталанта се договори со Верона за трансфер на 24-годишниот централен бек Исак Хиен во тимот на Бергамо. Шведскиот фудбалер одигра 11 натпревари сезонава (на сите стартер) за Верона и ги импресионираше луѓето од Аталанта за да го донесат во своите редови.
Клубот од Бергамо ќе плати 9 милиони евра.
Хиен е роден во шведскиот град Кистас и е дете на родители од Гана и Буркина Фасо. Тој играл за младинскиот тим на Валасунд, а во 2022 година ја напушти Шведска за да игра за Верона.
Тој има осум настапи за Шведска до сега.

ПретходноПиоли ги предупреди „недопирливите“: Коцките се местат, фантастични млади играчи се спремни за првиот тим
СледноХрватските ракометари порачаа: Не сакаме да не викате „каубојци“