Во 19. коло од Евролигата, се одигра кошаркарското „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, а оваа шпанска и европска кошаркарска класика на крајот му припадна на домаќинот кој славеше со 83:78.
Мадриѓаните и по овој пораз се убедливо први во Евролигата, но вечерва го претрпеа вториот сезонски пораз, додека барселона со оваа победа сериозно напредува кон самиот врв. Барселона подобро влезе во натпреварот, а потоа експлодира Џанан Муса, постигна четири тројки од пет обиди во првата четвртина, вкупно 13 поени, па Реал водеше со 25:21 на првата пауза од две минути.
Во текот на втората четвртина Реал имаше осум поени предност, неколку пати беше и +7, но Барселона до полувремето успеа да ја намали негативата (45:47). Во третиот период од играта Каталонците поведоа, но на крајот од третиот период Реал повторно водеше, а во последните 10 минути влезе со +2 (62:60).
Почетокот на последната четвртина донесе жестока пресметка меѓу играчите, па Лапровитола и Серхио Родригез добија технички. Кога работите се смирија, Барса тргна во серија од 5:0 за да поведе со 67:62. Се на се серија 9:0 со која Каталонците дојдоа на чекор до победа.
Џанан Муса заврши со 19 поени, три скока и две асистенции. Марио Хезоња постигна 16 поени за Реал. Во победничкиот тим неверојатен беше Јан Весели со 27 поени, а Николас Лапровитола постигна 14.