Лудница на “Монтиливи“: Џирона со гол во 90+1.минута за 4:3 против Атлетико, бадијала хет-трикот на Мората! (ВИДЕО)

367

 

Во меч од 19.коло во Ла Лига вечерва лудница од натпревар на “Монтоливи“ и конечни 4:3 Џирона. Се играше 90+1.минута при резултат 3:3 кога Мартин постигна гол за победа, за три бода за Џирона. Нема што, баката за Џирона продолжува. Хитот во Ла Лига има 48 бода, исто колку и Реал Мадрид кој е лидер само поради подобра гол разлика.

Ова е прва победа во историјата на Џирона против “јорганџиите“, треба да се каже дека Мората постигна хет-трик, постигна уште еден ама ВАР муго поништи, но сето тоа беше бадијала. Тимот на Симеоне беше поразен.

Домашните поведоа со голот на Валери уште во 2.минута, израмни Мората во 14.минута. Савио во 26.минута со гол домашно водство од 2:1, Блинд во 39.минута стрелаше за 3:1, но Мората во 44.минута намали на 3:2. Во 54.минута Мората израмни на 3:3 и така беше се до 90+1.минута кога Мартин стрелаше за триумф на Џирона.

ПретходноПо 11 години: Оскар Писториус в петок излегува од затвор
СледноНова магија на Дончиќ, Далас го декласира Портланд! (ВИДЕО)