Милнер го престигна Гигс по број на мечеви во Премиер лигата

305

Англискиот фудбалер Џејмс Милнер беше дел од тимот на Брајтон во ремито (0:0) против Вест Хем во 20.коло на Премиер лигата. Тој настап му беше 632. во Премиер лигата со што се изедначи со Рајан Гигс на второто место на фудбалери со најмногу настапи во елитната англиска лига.
Милнер во наредниот период ќе го подобри рекордот, меѓутоа, се уште е нејасно дали ќе продолжи да игра и ќе успее да го собори апсолутниот рекорд на Герет Бери кој има 653 натпревари.
Инаку Милнер дебитираше во ноември 2002 година, а играше за Лидс, Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул и од оваа сезона е во Брајтон.

ПретходноТандерс го совладаа најдобриот тим во лигата, Јута по 15 години има играч со трипл-дабл
СледноПо четири години Сон не е најдобар играч на Ј.Кореја, наградата отиде кај ѕвездата на Баерн