Поранешниот хрватски репрезентативец Никола Калиниќ се враќа во дресот на Хајдук.
На правата прозивка пред почетокот на подготовките за вториот дел од сезоната, спортскиот директор на Хајдук, Миндаугас Николичиус и откри на јавноста дека Никола Калиниќ се врати на „Пољуд“ и дека тој ќе игра за клубот за плата од само 1 евро.
Спортскиот директор Николичиус изјави дека, финансиски гледано, зделката со Калиниќ му била најлесна.
„Што се однесува до финансиите, беше најлесно во овие три години колку што сум во Хајдук. Се договоривме за плата од 1 евро. Тој сака да му помогне на Хајдук и да ја освои титулата, тоа е единствената причина поради која се врати“, изјави Николичиус.