Онана: Прашање на време е кога овој Јунајтед ќе „експлодира“

591

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана е убеден дека тимот ќе ги подобри резултатите до крајот на сезоната. Камерунецот кој во наредниот период ќе настапува на Африканскиот тим нема импресивен старт во дресот на „црвените ѓаволи“ но верува дека ќе биде подобро. Јунајтед ја игра најлошата кампања по сезоната 1930/31 запишувајќи вкупно 14 порази во сите натпреварувања до сега. Во Премиер лигата има 31 бод во 20 меча.
Неколку пати кажав, еве ќе повторам. Работите во Манчестер ќе се подобрат бидејќи имаме квалитет и само прашање на време е кога ќе дојде до израз. Точно е дека правиме грешки за време на натпреварите но тие се дел од процесот на стекнување на искуство. Знам дека луѓето очекуваат многу од мене и затоа често ме критикуваат. Но тоа не е проблем затоа што навикнат сум на тоа. Истото ми се случуваше и во Интер и видете како тоа заврши. Го сакам Јунајтед“, изјави Онана.

ПретходноБензема се враќа во Европа, поточно во матичниот клуб?
СледноЃоковиќ по шест години поразен во Австралија – поради повреда не можеше против Де Минаур