Откако пропаднаа преговорите со Нотингем, капитенот на Флуминенсе ќе оди во Зенит

233

Бразилскиот дефанзивец Нино кој е капитен на Флуминенсе се сели во Европа, но не во Англија туку во Русија. Нино беше на списокот на потенцијални засилувања на Ливерпул и Нотингем Форест со тоа што „шумарите“ беа најактивни и преговорите траеја речиси еден месец и на крајот не излезе ништо.
Нотингем и Флуминенсе не се договориле околу исплатата. „Шумарите“ нуделе повеќе од Зенит но на рати што не му се допаднало на јужноамериканскиот шампион.
Но затоа сега Зенит е најблиску до него. Рускиот клуб се согласил да плати 5 милиони евра за него, а и ги прифатил условите на фудбалерот.

ПретходноЃоковиќ по шест години поразен во Австралија – поради повреда не можеше против Де Минаур
СледноПиоли ги предупреди „недопирливите“: Коцките се местат, фантастични млади играчи се спремни за првиот тим