По пет години Јахја заминува од Струга ТЛ

1524

Есенскиот првак Струга Трим Лум објави дека ја завршува соработката со фудбалерот Абдилхади Јахја. По 5 години успешна соработка со ТСруга, Јахја заминува од клубот.

„Јахја е дел од нашиот тим од јануари 2019 година, кога дојде од ФК Скопје, додека во овој период истиот со дресот на Струга Трим Лум забележа 132 настапи, 5 гола и 15 асистенции. Тој беше дел од најголемите успеси на нашиот тим, кога првично во сезоната 2021/22 игравме во квалификациите за Конференциската лига, до лани, кога стигнавме до шампионската титула и до „плеј-оф“ фазата од Лигата на конференцијата. Ние како клуб му благодариме на Абдилхади Јахје за придонесот со дресот на нашиот тим, а истовремено му посакуваме многу идни успеси во кариерата“, се вели во клупското соопштение.

ПретходноДарко Велковски е нов фудбалер на Динамо Букурешт!
СледноАталанта закажа куп-четвртфинале со Милан