Поранешниот јужноафрикански параолимписки шампион Оскар Писториус ќе биде ослободен од затвор на условна слобода во петок речиси 11 години откако ја убил својата девојка.
„Како и другите луѓе на условна слобода, на Писториус не му е дозволено да дава интервјуа за медиумите. Фактот дека Писториус и е познат на пошироката јавност не го прави различен од другите притвореници и не оправдува посебен третман“, се вели во соопштението.
Оскар Писториус (37) доби условна слобода на крајот на ноември и треба да биде пуштен од затвор во предградието на Преторија во петок.
На 14 февруари 2013 година, во својот дом во Преторија, Писториус ја застрелал својата девојка Рива Стенкамп преку затворената врата од бањата, бидејќи мислел дека има провалник во куќата. Обвинителите тврдеа дека 29-годишната манекенка и реалити ѕвезда по расправија втрчала во бањата, а Писториус ја убил во напад на бес.
Како дел од условното ослободување до крајот на казната во 2029 година, Оскар Писториус мора да се подложи на терапија за управување со гневот и насилство врз жените.