Прво заминување од Јунајтед во јануарската „чистка“

2813

Манчестер Јунајтед не игра добро во новата сезона, тренерот Ерик тен Хаг и фудбалерите се под притисок поради лошите резултати во Премиер лигата. Испаѓањето од Европа е капак на се, па во јануарскиот преоден рок мора да се направи нешто.
Најавена е „чистка“ во Манчестер, неколку фудбалери треба да си заминат и тимот да се засили со други.

Левиот бек Серхио Регулон не импресионираше и клубот ја прекина позајмицата па тој се враќа во Тотенхем. Тој одигра 12 натпревари, но по враќањето на Лук Шо и Маласија тој е трета опција.
Но и Тотенхем не го сака Регулон па веројатно повторно ќе го позајми во друг клуб.

Кога сме кај Манчестер Јунајтед, тие сакаат да се ослободат од Џејдон Санчо. Младиот англиски фудбалер се најде во непријатна ситуација на „Олд Трафорд“, ставен е во вториот тим, па клубот сака да го испрати на друго место и да ослободи место за друг фудбалер.

Продолжува преговори со Борусија Дортмунд, исто така и Лајпциг се интересира за него. Борусија го сака Санчо на позајмица до крајот на сезоната, а Јунајтед бара германскиот тим да плаќа најмалку третина од платата.
На заминување е и Рафаел Варан за кого има интерес од Шпанија и Германија.

ПретходноПо четири години Сон не е најдобар играч на Ј.Кореја, наградата отиде кај ѕвездата на Баерн
СледноЧудо на СП во пикадо: 16-годишник ќе се бори за светската титула