ПСЖ по 12. пат е освојувач на францускиот Суперкуп

185

По 12-ти пат во клупската историја, екипата на ПС е освојувач на францускиот Суперкуп. Вечерва на „Паркот на принцовите“ во париз, актуелниот шампион на Франција со 2:0 славеше над екипата на Тулуз и успеа уште еднаш да го освои трофејот наменет за подобриот од дуелот меѓу шампионот и освојувачот на францускиот куп.

ПСЖ многу рано уште во 3. минута дојде во водство со голот на Ли Канг-Ли, додека вториот гол за домашните го постигна Мбапе на две минути пред крајот на полувремето.

Парижани ја задржаа предноста до крајот на мечот и успеаја и оваа година да го освојат трофејот. Тулуз кој по вторпат во историјата играше во Суперкупот и вторпат е поразен.

ПретходноДали тренерот на хитот во Шпанија ќе биде наследник на Еди Хау во Њукасл?
СледноКошаркарското „Ел Класико“ за Барселона