Хрватската машка ракометна репрезентација во завршната фаза од подготовките за ЕП 2024 во Пореч ќе одигра пријателски мечеви со Црна Гора и Словенија.
Хрватскиот ракометен сојуз во пресрет на овој натпревар испрати барање до медиумите хрватските ракометни репрезентативци повеќе да не се нарекуваат „каубојци“.
„Продолжувајќи со бројните наслови и написи во медиумите во кои се споменува прекарот „Каубојци“ за хрватската машка сениорска репрезентација, во име на репрезентативците, стручниот штаб и федерацијата, ве замолуваме да не го користите тој прекар за име на репрезентацијата, со оглед на тоа што сегашните играчи не беа дел од генерацијата кога се создаваше споменатиот прекар“, е пораката на ХРС.
Хрватска на ЕП 2024 е во група со Шпанија, Австрија и Романија.