Ѓоковиќ е голем: Повредата влијаеше на играта, но нема да му ги одземам заслугите на Минаур

499

Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до победа на дуелот против Алекс Де Минаур, беше совладан со 2-0 на Јунајтед Купот, а пласманот на Србија во полуфиналето е ставен под знак прашалник. Ѓоковиќ имаше проблеми со повреда на зглобот на десната рака, што пак влијаеше на неговата игра.

„Имав голема непријатност во последните два дена, особено на вчерашниот натпревар
денес значително се влоши. Да бидам искрен, мислам дека се ќе биде во ред. Имаше огромно влијание врз мојата игра, особено на мојот форхенд и сервис. Не сакам да трошам премногу време зборувајќи за тоа и да му одземам од заслугите на Де Минаур за победата. Беше многу тврд, како и секогаш. Мора да продолжиме понатаму, а моите мисли се веќе во Мелбурн“, изјави Ѓоковиќ на прес-конференција во Перт.

Ѓоковиќ ја брани титулата на Австралија опен што ќе се игра од 14 до 28 јануари.

„Сето тоа е дел од подготовките за Австралија Опен, се надевам дека таму ќе играм најдобро од себе. Повторно, никогаш не е убаво да се загуби меч, но знаете дека нема долго да размислувам за тоа“, заклучи најдобриот тенисер на светот.

ПретходноДве легенди од противниците на Македонија ќе го одиграат последниот танц на ЕП 2024
СледноАко Миовски си оди од Абердин – тоа ќе биде за рекордна сума!