Ѓоковиќ по шест години поразен во Австралија – поради повреда не можеше против Де Минаур

535

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ настапува за Србија на Јунајтед купот во Перт, Австралија, а денеска немаше енергија и сила за да го совлада домашниот тенисер Алекс Де Минаур. Taка Австралија поведе против Србија со 1-0.

Со години Новак немаше пораз во Австралија, но сега што поради повреда, што поради пад на концентрација, што поради добриот сервис на противникот не можеше да избегне пораз (4:6, 4:6). Го впиша првиот пораз после шест години на овој континент.
Од осмиот гем на овој меч Ѓоковиќ немаше сила да возврати. Го мачеше повреда на раката поради што не даде 100% од себе. И тоа на 12 дена пред Австралија опен.
Па така честа на Србија ќе ја брани Наталија Стевановиќ и за крај мечот во двојки кој може да биде пресуден во конечната победа.

ПретходноОнана: Прашање на време е кога овој Јунајтед ќе „експлодира“
СледноОткако пропаднаа преговорите со Нотингем, капитенот на Флуминенсе ќе оди во Зенит