Антонио Ридигер е херојот на „Бернабеу“, Селта со пресврт до победа над Бетис (ВИДЕО)

171

Фудбалерите на Реал Мадрид минимално со 1:0 ја совладаа Мајорка на својот „Сантијаго Бернабеу“ во еден од вечерашните дуели од 19. коло во Ла Лига. Момент на одлука беше 78. минута, кога по одличното уфрлување од корнер на Лука Модриќ, Антонио Ридигер со глава ја испрати топката во мрежата на гостите.

Мајорка одигра одличен меч, а на голот го имаше одличниот Предраг Рајковиќ кој имаше неколку одлични интервенции. Карло Анчелоти вечерва по пауза од неколку недели конечно можеше да смета на повратникот Винисиус Јуниор.

Во вториот вечерашен натпревар Селта со гол во 96. минута славеше против Бетис со 2:1.

ПретходноЧави: И јас сакам да ги имам Халанд или Мбапе, ама добри се и овие кои се тука
СледноМодриќ одлучил: Планирам да играм за Реал и следната сезона