Барса се ослободи од него во 2021 година, сега ќе биде продаден за 60 милиони евра

4616

Жан Клер Тобудо, дефанзивецот на Ница, а неодамна и на француската репрезентација, е многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед или Челзи. Ова го пишуваат француските и шпанските медиуми, нагласувајќи дека на тој начин Тодибо добил признание за одличните игри во францускиот шампионат.

Ница е на второто место, а одбраната под водство на Тодибо до декември имаше најмалку примени голови во најсилните европски лиги. Затоа двата англиски гиганти го посакуваат во своите редови, а тој може да си замине за 60 милиони евра.

Шпанците многу внимателно го следат Тодибо бидејќи Барселона е многу заинтересирана за расплетот на оваа приказна. Имено, Барса го купи од Тулуз во зимскиот преоден рок од 2019 година за 1 милион евра. Две и пол години подоцна, во кои одигра само пет натпревари за Барса, беше отпишан и продаден на Ница за 8,5 милиони евра. Таму се прероди и сега е на прагот на огромен трансфер.

Барса во никој случај нема да и оди лошо со овој трансфер. Покрај споменатите 8,5 милиони евра фиксно обештетување, таа заработила и околу 7 милиони евра бонуси од Ница. Дополнително, клаузула во договорот за продажба на играчот на Ница предвидува Барселона да добие 20 отсто од продажбата на Тодибо на трет клуб.

Значи, ако би бил продаден за 60 милиони евра, на Барса и припаѓаат 12. Севкупно, Барселона би можела да заработи 35 милиони евра од Тодибо, со што би станал еден од најпрофитабилните продажби во историјата. Дополнително, купен е за само 1 милион евра.

ПретходноЃоковиќ поразен, на Србија и треба чудо за полуфинале
СледноДве легенди од противниците на Македонија ќе го одиграат последниот танц на ЕП 2024