Напаѓачот на Ал Итихад, Карим Бензема може да се врати во Европа, соопштува „Todofichajes“. А доколку се врати тоа ќе биде во матичниот клуб Лион. Седумкратниот француски првак се надева дека ќе го убеди 36-годишниот Французин да биде нивно засилување за идната сезона.
Инаку Бензема игра во С.Арабија од летоска, а оваа сезона има 12 гола и 5 асистенции во 20 натпревари. Договорот со Ал Итихад му е до 2026 година, но во последните недели тој се соочи со проблеми во клубот. Навивачите се свртеле против него поради што Бензема морал да го деактивира профилот на Инстаграм, а „исчезна“ на неколку денови.
Бензема играше за Лион од 2004 до 2009 година.