Португалска Бенфика успеа да го „украде“ бразилскиот талентиран напаѓач Маркос Леонардо од пред носот на неколку европски великани кој се интересираа за овој играч. Португалските медиуми посочуваат дека се е готово и се чека уште 20-годишниот фудбалер на Сантос да пристигне во Лисабон и да го потпише договорот.
Сумата која Бенфика ќе ја плати на е околу 20 милиони евра.
За овој играч се интересираа Рома, Лацио и Арсенал.
Се работи за дете на Сантос кое дебитираше за првиот тим во 2020 година. Тој е младински бразилски репрезентативец, а за У20 селекцијата во 13 настапи има 15 голови. Тој беше сребрена копачка на СП У20 кое се одржа во 2023 година.
Дома Меѓународен фудбал Бенфика ги победи конкурентите во потписот на младиот бразилски репрезентативец