Дарко Велковски е нов фудбалер на Динамо Букурешт!

1042

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски кариерата ја продолжува во Романија. Еден од тамошните великани на фудбалската сцена, екипата на Динамо Букурешт денеска на својата клупска страница го најави трансферот на Велковски со едноставна порака: „Добредојде!“

Новиот стопер на Динамо Букурешт доаѓа во Романија како слободен играш, откако претходно ја раскина соработката со саудискиот клуб Ал Етифак. Дарко има 48 настапи и 3 гола за националниот тим на Македонија.

28-годишниот стопер ќе биде големо засилување за одбраната на Динамо (Б) кој е претпоследен на табелата во првиот дел од сезоната и грчевито ќе се бори за опстанок.

ПретходноСедум дена до стартот на ЕП 2024: Кои ѕвезди нема ги видиме во Германија?
СледноПо пет години Јахја заминува од Струга ТЛ