По четири години Сон не е најдобар играч на Ј.Кореја, наградата отиде кај ѕвездата на Баерн

315

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин четири години по ред беше најдобар фудбалер на Јужна Кореја, но оваа година тоа се промени. Според резултатите во 2023 година тоа признание оди во рацете на централниот бек на Баерн Минхен, Ким Мин Џе.
Тој имаше одлична сезона во Наполи, а потоа се пресели во Баерн каде што продолжи со добрите игри. За Наполи одигра 35 натпревари во Серија А со скор од два гола и две асистенции, а за Баерн досега одигра 22 меча.
Сон вкупно седум пати беше најдобар играч на Јужна Кореја (2013, 2014, 2017, 2019,2020,2021, 2022).

ПретходноМилнер го престигна Гигс по број на мечеви во Премиер лигата
СледноПрво заминување од Јунајтед во јануарската „чистка“