Седум дена до стартот на ЕП 2024: Кои ѕвезди нема ги видиме во Германија?

446

Европското првенство во Германија веќе е пред нас. Само седум дена не делат од стартот на овој шампионат, кој ќе биде запаметен по историска гледаност, во Дизелдорф се очекува да има над 50.000 гледачи на трибините на стадионот Меркур Арена. Дел од овој голем момент ќе биде и македонската ракометна репрезентација.

Додека сите учесници ги прават последните подготовки за ЕП 2024 година, одлучивме да го споделиме списокот на играчи кои нема да ги видиме на овој шампионат. Дел од нив се познати ѕвезди, дел од нив се помалку познати, но важен дел од своите репрезентации.

Од противниците на Македонија во групната фаза, Германија ќе биде без Хенрик Пекелер, како Михаил Михалчик, Пол Друкс и  Себастијан Фирнхабер. Франција во својот состав ќе го нема Винсен Жерар, додека пак Швајцарија ќе биде без Самуел Ротхилсбергер и Димитриј Кутел.

Во дресот на Холандија нема да биде една од главните ѕвезди Каи Смитс, кој е повреден. Голманот кој беше нерешлива енигма за Пелистер, но и многу познати европски тимови кои настапуваат во Лигата на шампиони, Роланд Миклер нема да биде во составот на Унгарија.

Србија нема да смета на Стефан Додиќ, како и на Јовица Николиќ и Милан Милиќ, додека пак Хрватска ќе настапи без Домагој Павловиќ. Кент Робин Тонесен нема да настапи за Норвешка, Шпанија без Родриго Коралес.

Ова ЕХФ ЕВРО дојде малку предоцна за двајцата крилни играчи, Полјакот Пжемислав Крајевски и Швеѓанецот Никлас Екберг, кои објавија дека се повлекуваат во меѓународни рамки.

ПретходноШишковски на голот на ерменски Арарат
СледноДарко Велковски е нов фудбалер на Динамо Букурешт!