Благодарение на одличниот настап на Шаи Гилжес-Александер, кошаркарите на Оклахома го победија Бостон со резултат 127:123 и така ја прекинаа нивната серија од шест едноподруго победи.
Оклахома е второпласиран тим на Западот, Бостон е лидер на Истокот, па нивниот дуел беше ефикасен и возбудлив. Бостон водеше на полувреме со 61:58, па следуваше фантастичен трет период за Тандерс кој го добија со 40:25. Тука Александер постигна 16 поени, а на крајот тој заврши со 36 поени, осум скокови и шест асистенции.
Оклахома имаше дури 18 поени предност вопоследниот период, но Бостон некако се врати и донесе неизвесна завршница. Сепак, таму Александер и Џош Гиди со слободните фрлања ги решија сите сомнежи околу победникот.
Гиди го заврши мечот со 23 поени, Вилијамс имаше 16… Кај Бостон, Порцингис постигна 34 поени, а Тејтум 30 поени.
Џоел Ембид по отсуство од четири натпревари се врати на терен со трипл-дабл ефект во триумфот на Филаделфија над Чикаго со 110:97. Ембид го заврши мечот со 31 поен, 15 скокови и 10 асистенции.
А Јута го победи Далас со 127:90 и овој меч е посебен за навивачите на Џез затоа што Џордан Кларксон направи нешто што тие чекаа 15 години. Репрезентативецот на Филипини е првиот играч од Солт Лејк Сити уште од 2008 година кој на еден меч постигна трипл-дабл. Тој го заврши мечот со 20 поени, 10 скокови и 11 асистенции.
Пред него такво нешто направи Карлос Бузер, а од тогаш поминаа 1526 натпревари.
РЕЗУЛТАТИ
ФИЛАДЕЛФИЈА – ЧИКАГО 110:97
МЕМФИС – САН АНТОНИО 106:98
ЊУ ОРЛЕАНС – БРУКЛИН 112:85
ОКЛАХОМА – БОСТОН 127:123
ГОЛДЕН СТЕЈТ – ОРЛАНДО 121:115
САКРАМЕНТО – ШАРЛОТ 104:111