Хрватските ракометари порачаа: Не сакаме да не викате „каубојци“

383

Хрватската машка ракометна репрезентација во завршната фаза од подготовките за ЕП 2024 во Пореч ќе одигра пријателски мечеви со Црна Гора и Словенија.

Хрватскиот ракометен сојуз во пресрет на овој натпревар испрати барање до медиумите хрватските ракометни репрезентативци повеќе да не се нарекуваат „каубојци“.

„Продолжувајќи со бројните наслови и написи во медиумите во кои се споменува прекарот „Каубојци“ за хрватската машка сениорска репрезентација, во име на репрезентативците, стручниот штаб и федерацијата, ве замолуваме да не го користите тој прекар за име на репрезентацијата, со оглед на тоа што сегашните играчи не беа дел од генерацијата кога се создаваше споменатиот прекар“, е пораката на ХРС.

Хрватска на ЕП 2024 е во група со Шпанија, Австрија и Романија.

ПретходноАталанта ја засили одбраната со шведски репрезентативец
СледноЃоковиќ поразен, на Србија и треба чудо за полуфинале