Шишковски на голот на ерменски Арарат

257

Репрезентативниот голман Дамјан Шишковски ја продолжува својата кариера во Ерменија. По 3,5 години во дресот на кипарска Докса, пред Нова година Шишковски си замина од кипарскиот состав и веќе се договори со ерменскиот тим за соработка во период од 1,5 година.

Арарат во првиот дел од сезоната во Ерменија е на третата позиција и до крајот на сезоната ќе биде во трка за освојување и на титулата, иако предноста на водечкиот Пјуник е 6 бода. Шишковски ќе застане на голот на Арарат во февруари при продолжението на првенството.

ПретходноНикола Калиниќ се врати во Хајдук, ќе игра за плата од 1 евро!
СледноСедум дена до стартот на ЕП 2024: Кои ѕвезди нема ги видиме во Германија?