Арсенал овој викенд за првпат во клупската историја ќе настапи со комплетно бели дресови на домашен терен. „Топчиите“ се дел од кампањата на клубот против криминалот и насилството кај младите.
„Топчиите“ ќе се сретнат со Ливерпул во третото коло од ФА Купот на стадионот „Емирати“ во недела попладне и ќе носат целосно бел дрес за првпат во нивната 138-годишна историја.
Нормалниот домашен црвено-бел дрес на Арсенал ќе биде ослободен од црвена боја како дел од кампањата „Нема повеќе црвено“ која треба да помогне во борбата против криминалот, нападите со ладно оружје и насилството меѓу младите на улиците на Лондон.